Принцот Карл Филип и принцезата Софија на 20 април добија син. Шведското кралско семејство денес ги објави првите официјални фотографии од среќните родители со новороденото момче, кое го доби името Александар Ерик Хубертус Бертил.
Фотографиите беа објавени на Twitter по повод роденденот на Карл Филип, кој денес полни 37 години. На нив, кралскиот пар позира со широки насмевки прегрнувајќи го своето мало чедо.
Софија се породи во болницата „Danderyd“ во близина на Стокхолм. Бебето се роди тешко 3.595 грама и долго 49 сантиметри.
Претходно беше објавена само една фотографија од малиот принц.
Карл Филип и Софија стапија во брак во јуни минатата година.