Деми Мур повторно е во прегратките на помладо момче. Според информациите до кои дојде „New York Post“, 50-годишната актерка е во врска со 26-годишниот Вито Шнабел.

Мур и Шнабел за првпат биле забележани заедно на луксузната роденденска забава која Наоми Кемпбел му ја приреди на својот партнер Владимир Доронин во Индија.
„Тие танцуваа и се потискаа отворено, пред другите гости“ – изјавил присутен на забавата.
Оттогаш новиот пар излегувал заедно, но со голема претпазливост.
Младиот Шнабел и во минатото бил поврзуван со повозрасни партнерки. Кога имал 21 година, бил во врска со познатата манекенка Ел Мекфирсон, која тогаш имала 44 години. Исто така, се состанувал и со Лив Тајлер, која е 9 години повозрасна од него.
Од друга страна, Ештон, со кого Деми сè уште не е разведена официјално, е во врска со Мила Кунис.