Деми Мур беше една од славните гостинки кои ја посетија галата во Музејот на американската Академија на науките и уметностите во Лос Анџелес.
61-годишната холивудска ѕвезда изгледаше младолико во гламурозна креација со огромен цвет од дизајнерката Тамара Ралф. Во својот стајлинг, таа додаде накит од Картие и обувки од Џими Чу.
Славната актерка мамеше погледи и комплименти за витката фигура додека чекореше на црвениот тепих.