Џорџо Армани беше официјален спонзор на галата на Фондацијата Новак Ѓоковиќ која се одржа пред неколку дена во Милано, а сега српскиот тенисер и неговата сопруга добија почесно место во првиот ред на ревијата на италијанскиот дизајнер.



Новак и Јелена присуствуваа на модното шоу заедно со многу други славни лица како Серена Вилијамс, Ана Винтур и Оливија Палермо.





На една од фотографиите, парот позира со внуката на Армани, Роберта Армани.

На галата на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Јелена носеше креација од високата мода на Армани.

