Новак и Јелена Ѓоковиќ одлучија да ја преточат својата заедничка страст кон здравиот начин на живот во ресторан за здрава храна во Монако.




Синоќа 28-годишниот тенисер и неговата сопруга им го претставија ресторанот „Eqvita“ на семејствата, пријателите и колегите, а за неколку недели ќе биде и официјалното отворање на објектот. Енди Мари, Григор Димитров, Томас Бердих и Виктор Троицки беа дел од гостите кои Ѓоковиќ ги покани на ручек во „Eqvita“.






Веста за отворањето на ресторанот Ноле ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи, каде покрај објавените фотографии, напиша: „Успеавме! Јас и мојата сопруга ја преточивме нашата страст кон здравата храна во ресторан кој го крстивме Eqvita. Официјалното отворање е за неколку недели, а вечерва им го претставивме на семејствата, пријателите и колегите кои се со нас во Монако. Сето ова стана реалност благодарение на сјајниот тим кој од првиот ден работи со нас на овој проект“.









Ресторанот на Новак и Јелена е лоциран во Монте Карло.