Никол Шерцингер беше гостинка на хуманитарниот бал „One For The Boys“, организиран со цел подигање на свеста за ракот кај мажите.
На свеченоста во Лондон, популарната пејачка се појави во тесен бел фустан со цветни апликации од Николас Оуквел и обувки од женскиот миленик Кристијан Лобутин.












За време на вечерта, Никол настапи со хитовите „Don’t Cha“ и „Moves Like Jagger“, а ја отпеа и „Purple Rain“ во чест на Принц.
Претходно, Никол беше фотографирана со својот нов љубовен партнер, Григор Димитров. 37-годишната музичка ѕвезда и 25-годишниот тенисер беа „уловени“ од папараците за време на прошетка.








