Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Никол Шерцингер е сериозна убавица во „Marie Claire“

ФОТО: Никол Шерцингер е сериозна убавица во „Marie Claire“

Никол Шерцингер е лицето од корицата на британското списание „Marie Claire“. Поранешната пејачка од женската музичка група The Pussycat Dolls позираше за декемвриското издание на списанието во неколку црни фустани од модни куќи како Гучи, Салваторе Ферагамо и Долче и Габана.

Никол Шерцингер Никол Шерцингер

Во интервјуто за списанието, Никол открила дека се чувствувала осамено во времето кога била дел од The Pussycat Dolls. „Сметам дека нормално е луѓето да ти љубоморат и завидуваат кога имаш амбиции. Не знаев како да го прифатам тоа, затоа што секогаш сакав на сите да им се допаѓам“ – изјавила таа.

Никол Шерцингер Никол Шерцингер

Убавата девојка на Луис Хамилтон раскажала и дека растела во сиромашно семејство и дека сега се плаши да го изгуби богатството за кое работела напорно. „Не можевме да си го дозволиме луксузот да имам алманах или училишни фотографии или нешто слично. Мајка ми ми ја купуваше облеката од продавници за облека од втора рака и приватни распродажби во гаражи. Ме плаши кога ќе помислам на тоа да го изгубам богатството, бидејќи израснав без ништо“ – рекла таа.

Никол Шерцингер Никол Шерцингер

Пред извесно време Никол призна дека 8 години страдала од булимија, но дека се извлекла благодарение на музиката. Сега таа го прифаќа своето тело такво какво што е и е посреќна отсекогаш. „Не држам повеќе јо-јо диети. Си дадов пауза. Сметам дека ако се прифаќаш самата себе, стануваш послободна и поотворена и можеш да пуштиш повеќе луѓе до себе“ – вели Никол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.