Никол Шерцингер мамеше комплименти со елегантен изглед на „A Capitol Fourth“. На големиот концерт кој се одржа по повод Денот на независноста на САД, популарната пејачка блесна во фустани со „патриотски“ бои.
За време на музичкото шоу, поранешната членка на „The Pussycat Dolls“ ја освои публиката со силна изведба на химната на САД. Црвената креација од дизајнерот Мајкл Кастело ја истакна фигурата на 37-годишната ѕвезда.


Погледнете и фотографии од генералната проба.




Подоцна, Шерцингер заблеска во бел фустан со длабоко деколте во стилот на 70-тите години и ја испеа „If I Loved You“ од мјузиклот „Carousel“. И белата креација доаѓа од ателјето на Кастело.





Погледнете и видеа од настапите: