Никол Кидман сними ретро фотосесија за „Interview“. 48-годишната актерка го краси октомвриското издание на американското списание.
За црно-белата фотосесија се погрижил Фабиен Барон, додека за стилскиот избор главен „виновник“ бил Карл Темплер.
Талентираната Оскаровка носи креации од брендови како Марк Џејкобс, Долче и Габана и Селин.








