Никол Кидман е новото заштитно лице на Џими Чу. Холивудската актерка влегува во улогата на мистериозна фатална жена на фотографиите за рекламната кампања за сезоната есен/зима 2013.
46-годишната филмска ѕвезда носи црвена кратка перика и на преден план го става својот сексапил додека ги промовира обувките, чантите и модните додатоци на познатиот бренд.
„Има чувство на тивок еротизам во колекцијата и тој концепт беше оживеан од магнетското присуство на Никол пред камерата. Никол е вистински стилски камелеон и има способност да изненадува“ – изјавила Сандра Чои, креативната директорка на Џими Чу.
Погледнете го и видеото од кампањата: