Никол Кидман блесна во нежно издание на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс.
49-годишната актерка шармираше во креација со цртежи и салонки од модната куќа Диор и накит од Фред Лејтон.



На манифестацијата, Кидман беше почестена со наградата Интернационална ѕвезда за нејзината улога во филмот „Lion“, кој се шпекулира дека ќе ѝ донесе Оскар за Најдобра актерка во споредна улога.







Никол позираше на црвениот тепих и со својот колега Дев Пател, кој во филмот ја има улогата на нејзиниот посвоен син.



