Моника Белучи изгледаше како вистинска дива на 21-вото издание на Филмскиот фестивал во Маракеш.
60-годишната актерка заведуваше во впечатлив црвен комбинезон од либанскиот дизајнер Ели Сааб и истиот го надополни со елегантна марама.
Белучи беше придружувана од својот партнер Тим Бартон.
Претходниот ден, славниот пар присуствуваше на уште една филмска премиера во рамките на Фестивалот.
За оваа пригода, Белучи избра софистицирана креација од Диор.