Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Моника Белучи елегантна во креација на Долче и Габана во Милано

ФОТО: Моника Белучи елегантна во креација на Долче и Габана во Милано

Откако стана јасно дека Моника Белучи ќе биде Бонд-девојка во новиот филм со Џејмс Бонд, привлечната Италијанка застана под медиумската лупа. Иако премиерата на „Spectre“ е закажана за ноември, 50-годишната актерка веќе ги започна промотивните активности.

Белучи гостуваше во популарното италијанско шоу „Che tempo che fa“. Пред публиката во Милано, таа се појави во елегантен фустан со цветен принт од нејзините пријатели Долче и Габана и црни чевли од Кристијан Лобутин.

Моника Белучи Моника Белучи

Во духот на Џејмс Бонд, водителот ја пречека својата атрактивна гостинка со мартини и со автомобил Aston Martin.

Моника Белучи Моника Белучи

Во интервјуто со Фабио Фацио, Моника рекла дека е прекрасно и револуционерно тоа што ѝ била дадена улогата на Бонд-девојка на 50 години.

За „Spectre“ Белучи снимала сцени на неколку локации во Рим и Лондон.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.