Грациозна муза за дизајнерите, вистинска убавица во машките очи и пример за одмерен сексапил за жените – Моника Белучи е дамата со доминантен шарм.
Италијанската актерка е префинет модел за модниот едиторијал на француското списание „Madame Figaro“. На фотографиите таа позира исклучиво во креации на Долче и Габана, креаторите кои многупати изјавиле дека се инспирираат од нејзината класична убавина.
48-годишната мајка на две девојчиња изјавила дека никогаш не држи диета и дека се храни здраво и балансирано. Долги години ја избегнувала физичката активност, но започнала да вежба со тренер по втората бременост. „Кога можам, спортувам по еден час дневно“ – вели таа и додава дека никогаш не трча бидејќи трчањето е лошо за нејзините зглобови.