Моника Белучи заведува од октомвриското издание на „Vanity Fair“ Италија. 49-годишната актерка зрачи со сексапил додека ги покажува своите женствени облини.
Фотографиите се дело на познатата фотографка Елен фон Унверт. Моника по 13. пат се појавува на корицата на италијанското списание кое ја прослави својата 10-годишнина.
Во интервју за списанието, Белучи зборувала за тоа како се чувствува по разводот со Винсент Касел. „Многу добро, на неверојатен начин сум поврзана со себе. И би сакала да им ја пренесам оваа порака на моите ќерки, за нивната иднина: не е задолжително да имаш сопруг или партнер. Осаменоста не треба да нè плаши“ – рекла таа.