Моника Белучи ја покажа својата безвременска убавина во италијанското издание на списанието Grazia. Привлечната актерка позираше за фотографот Бруно Дејен во креации на своите омилени дизајнери Долче и Габана.
Во интервјуто за списанието, 48-годишната Италијанка зборувала за убавината и стареењето, за љубовта кон сопругот Венсан Касел и за својата мајка.
На прашањето како реагирала нејзината мајка кога ѝ кажала дека е бремена еднаш на 39 години и по втор пат на 44-годишна возраст, Моника одговорила: „Ме предупреди за ризиците. Јас ѝ кажав дека го преферирам ризикот“.
За мајка си: „Таа е добра жена, многу посветена на домот. Беше многу присутна во мојот живот кога бев мала.“
За моментите кога сфаќа дека е заљубена во Венсан: „Кога се немаме видено подолго време, си закажуваме средба во ресторан. Кога ќе го видам како доаѓа, знам дека тој е човекот кој го сакам.“
За стареењето: „Стареењето е тест за силата на една личност. Брзо сфатив дека не можеш да сметаш само на убавината.“