Дотерани од глава до пети, славните лица на Холивуд продефилираа по црвениот тепих пред одржувањето на значајната манифестација за доделување на наградите „Златен глобус“.
Она што можеше да се забележи е дека доминираа зелената, светло розовата, црната и црвената боја, т.е. боите кои преовладуваа во колекциите на дизајнерите за минатата сезона.
Странските магазини веќе подолго време се обидуваа да предвидат каков ќе биде изборот на ѕвездите во однос на облеката. Сега веќе не се потребни предвидувања, погледнете сами и оценете го нивниот избор.