Луисана Лопилато го роди второто дете. Аргентинската актерка, кај нас позната по серијата „Млади бунтовници“, сподели фотографија од малото синче Елијас.

„Сега сме четворица. Ви го претставувам братот на Ноа!! Елијас Бубле!!“ – пишува во пораката на 28-годишната актерка.

Луисана и Мајкл Бубле го добија првиот син Ноа во август 2013 година. Парот се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна, тој ја побара нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак.

