Убавицата од Филипини, Меган Јанг, заслужено ја доби титулата „Мис на светот 2013“.
Минатогодишната победничка Венксиа Ју ѝ ја предаде круната на 23-годишната бринета која беше и фаворитка. „Немам зборови. Ви благодарам на сите што ме избравте. Ветувам дека ќе бидам најдобрата Мис на светот кога било досега“ – изјави среќната победничка.
Меган победи и на шоуто „Top Model“ одржано во рамките на Мис на светот.
Мис Франција беше прогласена за прва придружничка, додека Мис Гана беше избрана за втора придружничка на свечената манифестација одржана на островот Бали, Индонезија.
Вкупно 127 убавици од целиот свет се бореа за престижната титула. Меѓу нив беше и нашата претставничка, Кристина Спасеноска.