Мис Кина е новата Мис на светот. Земјата домаќин на натпреварот за убавина ја круниса својата претставничка на свечената манифестација која се одржа денес во Ордос. 23-годишната Венксиа Ју беше прогласена за победничка за време на свечената церемонија.
„Кога бев мала се чувствував среќна затоа што многу луѓе ми помогнаа и се надевам дека во иднина јас ќе можам да помогнам многу деца да се чувствуваат среќни“ – одговорила таа кога била прашана зошто ја заслужува титулата.
Минатогодишната победничка, Ивиен Саркос, ѝ ја предаде круната на среќната Венксиа, која сака да стане професорка по музика.
За прва придружничка беше прогласена претставничката на Велс, Софи Елизабет Моулд, а втора придружничка стана Џесика Мишел Кахавати од Австралија.
Рекордни 116 кандидатки од целиот свет се бореа за престижната титула. Во топ 7 влегоа претставничките на Јамајка, Јужен Судан, Индија, Австралија, Бразил, Кина и Велс. Наша претставничка беше 19-годишната Анета Стојкоска.
Наредната година натпреварот ќе се одржи во Бали, Индонезија.
Погледнете видео од прогласувањето: