Сави Шилдс e новата Мис Америка. 21-годишната претставничка на сојузната американска држава Арканзас ги победи останатите учеснички на натпреварот за убавина и беше крунисана на манифестација која се одржа во Атлантик Сити.


Минатогодишната победничка, Бети Кантрел, ѝ ја предаде круната на својата наследничка.





Едно од прашањата, кои ѝ беа поставени на Шилдс во рамките на натпреварот, се однесуваше на кандидатите за претседател на САД – Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
„Кога се обидуваш да бидеш лидер на слободниот свет, сè што зборуваш и правиш е значајно и сите твои постапки се со големи очекувања. И двата кандидати имаат завршено одлична работа, но тие мора да внимаваат што прават“ – одговори Шилдс.
Сави доби и стипендија од 50.000 долари и во текот на следната година таа ќе биде национален амбасадор на добрата волја на организацијата „Children's Miracle Network Hospitals“, која собира средства за детските болници.







За време на свечениот настан, Шилдс го покажа својот талент танцувајќи на џез музика.






За втора придружничка беше избрана Мис Њујорк, додека на местото на прва придружничка застана Мис Јужна Каролина, која освои стипендија во висина од 25.000 долари.



