Кира Казанцев е новата Мис Америка. 23-годишната девојка беше крунисана за време на свечена манифестација во Атлантик Сити. Трета година по ред претставничка на Њујорк победува на натпреварот на убавина.
Минатогодишната победничка, Нина Давулури, ѝ ја предаде круната на својата наследничка.
Во делот посветен на талентите на мисиците, Казанцев го испеа хитот „Happy“ додека тропаше на бината со пластична чаша.
Мис Вирџинија беше прогласена за прва придружничка. Во првите пет финалистки влегоа и Мис Арканзас, Мис Флорида и Мис Масачусетс.