Ниа Имани Френклин ја присвои титулата Мис Америка 2019. 25-годишната претставничка од Њујорк беше крунисана на церемонија која се одржа во Атлантик Сити.
Во натпреварот за убавина учествуваа 51 девојка. Ова е прв избор на Мис на Америка откако беше елиминиран делот каде учесничките се претставуваат во бикини.
Ниа изјавила дека е среќна што не се претставуваше во бикини, бидејќи сите жени се многу повеќе од само убаво тело. „Среќна сум што не требаше да го правам тоа за да ја освојам оваа титула вечерва бидејќи јас сум многу повеќе од тоа. И сите овие жени на сцената се многу повеќе отколку само тоа“ – рекла таа.
Френклин доби стипендија од 50.000 долари.
Амбициозната мисица е вљубена во музиката и не крие дека сонува еден ден да освои Греми награда. Во делот каде учесничките ги покажуваат своите таленти, Ниа, облечена во црвен фустан, испеа дел од операта „La bohème“ и ја одушеви публиката со вокалните способности.
ВИДЕО
Miss New York nailed the talent competition! #missamerica pic.twitter.com/nlmc431H1K
— Jenice Armstrong (@JeniceArmstrong) September 10, 2018
За прва придружничка беше избрана Мис Конектикат, додека титулата втора придружничка ѝ беше доделана на Мис Луизијана.