Лора Кеплер од Висконсин синоќа ја доби титулата Мис Америка 2012. 23-годишната бринета го освои жирито појавувајќи се на сцената во бели бикини и црна елегантна тоалета, како и со своето оперско пеење.
Среќната победничка не успеа да ги задржи солзите кога Мис Америка 2011 ја постави круната на нејзината глава.
„Плачев уште пред да биде изговорено моето име. Нереално е што ја имам оваа чест“ – изјавила возбудената Лора.
Мис Оклахома, Бети Томпсон, го освои второто место, а Мис Њујорк, Кејтлин Монте, застана на третото место.
Манифестацијата се одржа во Лас Вегас. Победничката една година ќе ја носи престижната титула, а ќе добие и стипендија од 50.000 долари.