Миранда Кер прави пауза од ангажманите за Victoria’s Secret со фотосесија за списанието „Jalouse“. 29-годишната долгонога убавица изгледа како кукла на црно-белите фотографии направени од Себастијан Мадер.
Со издолжени трепки, ретро фризура инспирирана од 60-тите години и модели од колекциите пролет/лето 2013, Кер делува речиси нереално.
За февруарското издание на списанието, Кер позираше во креации на повеќе луксузни куќи како Луј Витон, Сен Лоран, Долче и Габана, Гучи, Шанел, Кристијан Диор и Ралф Лорен.