Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мила Кунис и Ештон Кучер на прошетка со малата ќеркичка

ФОТО: Мила Кунис и Ештон Кучер на прошетка со малата ќеркичка

Мила Кунис и Ештон Кучер не сакаат да ја експонираат малата ќерка во јавност, но папараците успеаја да го фотографираат малото девојче за време на семејна прошетка.

Парот, кој се вери во февруари минатата година, беше фотографиран во близина на плажа во Лос Анџелес со ќерката Вајат Изабел.

Мила и Ештон Мила и Ештон Мила и Ештон Мила и Ештон

Ѕвездите од „That '70s Show“ не кријат дека се пресреќни што станаа родители. „Неверојатно е. Тоа е најдоброто нешто на светот. Само што се роди детето, веднаш посакав да им се јавам на моите родители и да им се извинам, бидејќи дотогаш не знаев колку многу ме сакале“ – призна Ештон.

Во неколку интервјуа, 36-годишниот актер сподели дека немаат бебиситерка и дека самите се грижат за Вајат. „Немаме бебиситерка или медицинска сестра за да се грижи за бебето во ноќта. Само ние двајцата сме. Привилегирани сме што имаме време и што можеме да си дозволиме да не работиме“ – дополнил тој.

Пред Нова година на интернет се појавија семејни фотографии од божиќната честитка на Мила и Ештон.

Мила и Ештон Мила и Ештон

Неодамна се појавија гласини дека Мила и Ештон веќе имаат стапено во брак, но тие сè уште го немаат потврдено или негирано тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.