Кога славните имаат лош ден, не се поштедени од папараците. Мила Кунис е уловена од немилосрдните папараци во негламурозно издание.
29-годишната актерка, која редовно се вбројува во најсексапилните жени на светот, е фотографирана додека била на прошетка со нејзиното момче Ештон Кучер во Холивуд.
Во последните неколку месеци Мила и Ештон се неразделни. Заљубениот пар бил виден на романтични прошетки низ Австралија и Рим.