Мила Кунис се врати под светлото на холивудските рефлектори четири месеци по породувањето. 31-годишната актерка присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Jupiter Ascending“.
На свечениот настан Кунис привлекуваше погледи со отмен стајлинг, кој вклучуваше црн елегантен фустан од Долче и Габана, женствени обувки со тантела од Кристијан Лобутин и скапоцен накит од Gemfields.
На премиерата Мила позираше со своите колеги Ченинг Тејтум и Еди Редмејн.
Трејлер за „Jupiter Ascending“
Мила и Ештон Кучер се верија пред една година. Иако подолго време се шпекулира дека парот тајно стапил во брак, гласините за венчавката се засилија откако на премиерата на „Jupiter Ascending“ на раката на Кунис беше забележан прстен кој личи на бурма. Сепак, сè уште нема никаков коментар на таа тема од познатата холивудска двојка.
Славната актерка беше гостинка во најновата епизода на шоуто на Елен Деџенерис. Во текот на интервјуто, таа сподели дека нејзината ќерка со Ештон Кучер се родила тешка 4,3 килограми. „Таа има четири месеци, а носи облека за шестмесечни бебиња. Таа е големо девојче“ – рекла Кунис и дополнила дека засега не чувствува потреба да ангажира бебиситерка.