Синоќа во Њујорк премиерно беше прикажан новиот филм на Метју Меконахи „Gold“.
На настанот на кој присуствуваа бројни холивудски ѕвезди, 47-годишниот актер пристигна со својата сопруга. Камила Алвес мамеше погледи во гламурозна златна креација од Marchesa додека позираше на црвениот тепих со својот сакан.














За улогата во „Gold“, Метју ја зголеми својата тежина за 18 килограми и целосно го трансформираше своето тело, достигнувајќи речиси 100 килограми. Нему му биле потребни 6-месечни напорни тренинзи и здрава исхрана за да се врати во форма.


Претходно, Меконахи ослабе 17 килограми за својата улога во филмот „Dallas Buyers Club“. Смелоста на Метју да прифаќа вакви предизвици постојано му носи позитивни критики.
