Меланија Трамп дефинитивно може да му донесе гласови во претседателската трка на својот сопруг Доналд Трамп.
46-годишната убавица, која е родена во Словенија, синоќа шармираше во бел фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ и обувки од Кристијан Лобутин додека држеше говор на Националната конвенција на Републиканците. Меланија сама ја избра елегантната креација која чинеше 2.190 долари, а која се распродаде веднаш по настанот во Кливленд, Охајо.
Претставници на Доналд сметаат дека доколку тој победи на претседателските избори во САД, Меланија ќе стане „следната Џеки Кенеди“. „Меланија ќе биде на некој начин следната Џеки О. Таа зборува четири јазици“ – изјавил советник на Трамп.
Меланија и Доналд се запознаа на забава по повод Њујоршката модна недела, а стапија во брак на 22 јануари 2005 година. Во 2006 година се роди нивниот син, Барон Вилијам Трамп.