Меланија Трамп има префинето чувство за стил. 48-годишната прва дама на САД привлече бран од позитивни критики за својот најнов моден избор.
Додека од Белата куќа се упатуваше кон хеликоптерот со Доналд и синот Барон, таа шармираше во стајлинг во карамела нијанса надополнет со црвени детали.
Елегантното палто доаѓа од ателјето на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, чизмите се со потпис на Џанвито Роси, додека црвената чанта е Ермес.
Семејството Трамп се упатуваше во ресортот Мар-а-Лаго во Флорида.