Мел Гибсон присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Monster Summer“ на настанот „Directors Guild Of America“.
На црвениот тепих во Лос Анџелес, 68-годишниот актер ја доби поддршката од две од своите девет деца.
14-годишната Луција и 7-годишниот Ларс позираа покрај својот славен татко пред прикажувањето на филмот.
Луција е негово дете со поранешната девојка Оксана Григориева, додека Ларс го доби со сегашната девојка Росалинд Рос.
Мел има уште седум деца од неговиот брак со Робин Мур. Тие се разделија во 2009 година. Најстарата негова ќерка има 43 години.