Меган Фокс се врати во одлична форма седум месеци по раѓањето на третото синче, а тоа го покажуваат фотографиите и видеото од новата кампања на привлечната актерка.
30-годишната убавица позираше во секси долна облека за пролетната рекламна кампања на брендот Frederick's of Hollywood, снимена под палката на реномираната фотографка Елен фон Унверт.
ВИДЕО:







Фокс го роди третото дете Џурни Ривер во август минатата година. Славната актерка и Брајан Остин Грин имаат уште две деца - 3-годишниот Ноа и 2-годишниот Боди.