Меган Фокс го роди својот трет син пред само шест месеци, а веќе е во одлична физичка форма.
30-годишната актерка беше фотографирана на прошетка со малиот Џурни Ривер во Малибу, Калифорнија. На некои од папараци фотографиите Фокс го поставува синчето во кенгур, додека на другите пазарува заедно со него.




Неодамна, Меган беше фотографирана со сопругот Брајан Остин Грин и трите сина додека се упатуваа кон зоолошка градина во Лос Анџелес.






Двајцата актери ја започнаа својата врска пред 12 години, а во 2010 година стапија во брак. Заедно имаат три сина – 4-годишниот Ноа, 3-годишниот Боди и 6-месечниот Џурни. Брајан има уште еден син од претходната врска со актерката Ванеса Марсел.