Меган Фокс ја краси насловната страница на мартовското издание на Marie Claire UK. 26-годишната бринета сними моден едиторијал за списанието, а во интервјуто зборува за мајчинството и сопругот Брајан Остин Грин.
На фотографиите Фокс носи креации на брендови како Викторија Бекам, Долче и Габана и Барбери.
За враќањето на работа по породувањето: „Многу ми е тешко да го правам, затоа што чувствувам дека тоа веќе не ми е работа. Мојата работа е да бидам со него. Сè што сакав цел живот е да имам бебе и сега, конечно го добив. Сакам да му дадам на Ноа колку што е можно повеќе од мене.“
За сопругот: „Сметам дека имавме среќа. Верувам дека тој ми е сродна душа. Но, тоа не значи дека не треба да се трудиме, бидејќи двајцата сме многу, многу различни. Но, многу сме толерантни еден кон друг, јас не се трудам да го претворам во мене, а тој знае дека не треба да се обидува да ме претвори во него. Навистина е прекрасен. Никогаш, никогаш не треба ни да помислам да се жалам од него.“
За силата на мајчинството: „Не можам веќе да ги гледам вестите. Сè ме расплакува, затоа што секој е нечие дете, секоја жена е нечија мајка. Многу сум потрпелива кон луѓето и генерално кон жените.“
Меган го роди синчето Ноа Шенон Грин во септември минатата година.