Меган Фокс се врати под светлото на рефлекторите. 26-годишната актерка изгледа прекрасно на фотографиите од промоцијата на нејзиниот нов филм „This Is 40“.
Облечена во тесен фустан во ментол боја, таа позираше пред насобраните новинари во Лос Анџелес.

Убавата фигура на Фокс лесно може да нè натера да заборавиме дека таа го роди првото дете пред само два месеца. Очигледно привлечната бринета не чекаше долго пред да си го врати телото по кое е препознатлива.

На фотографиите може да се забележи дека Меган речиси ја отстрани тетоважата на десната рака со ликот на Мерилин Монро.

Погледнете го трејлерот за „This Is 40“: