Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Меган Фокс во топ форма само два месеца по породувањето

ФОТО: Меган Фокс во топ форма само два месеца по породувањето

Меган Фокс се врати во форма само осум недели по породувањето. 26-годишната актерка била фотографирана во Беверли Хилс, додека се упатувала на прикажувањето на својот нов филм „This Is 40“.

Меган Фокс

Облечена во тегет сако и фармерки, црна блуза и обувки Кристијан Лобутин, убавата бринета изгледа прекрасно, па тешко е да се поверува дека го роди првото дете пред само два месецa.

Меган Фокс Меган Фокс

Меган и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин го добија синчето Ноа на 27 септември. „Го родив нашиот син Ноа Шенон Грин на 27 септември. Тој е здрав, среќен и совршен. Почестени сме што имаме можност да се наречеме родители на оваа прекрасна душа и секогаш ќе му бидам благодарна на Бог што ми дозволи да го запознам овој вид на безгранична, беспрекорна љубов“ – напиша Фокс во пораката со која го објави породувањето.

Меган Фокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.