Меган Фокс сними секси реклама за „Sharper Image“. Фотографиите, кои биле направени додека Фокс била во четвртиот месец од бременоста, се дел од празничната кампања „Guys Love Gadgets“ на електронската компанија.
„Отсекогаш сум била по малку гик за гаџети и ме привлекувале различни типови технологии. Кампањата ми одговара бидејќи обожавам електроника“ – изјавила Меган.
26-годишната сексапилна актерка минатиот месец го роди синчето Ноа Шенон Грин. „Тој е здрав, среќен и совршен“ – напиша таа во пораката со која го објави породувањето.