Мајкл Даглас не крие колку се гордее со своите деца и редовно ги објавува нивните постигнувања на социјалните мрежи.
79-годишниот актер ги поведе со себе 23-годишниот Дилан и 21-годишната Карис на премиерата на „America’s Burning“. Неговите две деца, кои ги има со актерката Кетрин Зета-Џонс, беа облечени во светли модни комбинации.
Неодамна, Мајкл сподели дека поради големата разлика во возраста со децата, некогаш луѓето го сметале за нивни дедо. Тој раскажа за еден од моментите кога отишол да ги посети во студентски дом, каде му рекле:
„Ова не е ден за баби и дедовци, туку за родители“, на што Мајкл одговорил: „Им реков дека јас сум родител. Тоа беше сурово“.
„America’s Burning“ е документарен филм за американската демократија, а Мајкл е нараторот во истиот.
Покрај Дилан и Карис, Мајкл има уште еден син од претходен брак.
Мајкл и Кетрин започнаа да се состануваат во 1999 година, а стапија во брак во ноември 2000 година.