Марк Закерберг, основачот на најпопуларната социјална мрежа Facebook и неговата сопруга Присила Чен беа поканети на вечера во Белата куќа во чест на кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
На свеченоста, Чен носеше црвен фустан од чипка кој го истакна нејзиното трудничко стомаче.
Марк сподели фотографија направена пред парот да се упати на официјалната вечера и привлече над милион лајкови.
Првата дама на САД, Мишел Обама, доби многу комплименти за елегантниот изглед. Црниот фустан доаѓа од ателјето на дизајнерката Вера Ванг.