На првиот ден од новата година, Марк Закерберг сподели семејна фотографија на која ја држи во рацете малата ќерка Макс.
Основачот на Facebook им посака на своите обожаватели новата година да им биде исполнета со среќа, здравје и продуктивност. „Додека светот стои пред нови предизвици и можности, нека сите ние најдеме храброст да продолжиме да напредуваме и да го направиме секој наш ден значаен“ – пишува тој.
Марк и Присила Чен ја претставија пред светот својата ќерка на 1 декември. Пред раѓањето на малото девојче, 31-годишниот претприемач и филантроп соопшти дека два месеци ќе биде на породилно отсуство. Во изминатиов период тој често споделуваше фотографии од првите месеци од животот на слатката Максима.