Марк Закерберг и Присила Чен неодамна станаа родители, а основачот на Facebook не крие колку многу е среќен што доби ќеркичка. По три спонтани абортуси, познатиот пар конечно го доби своето прво дете.
Гордиот татко сподели слатка фотографија на Facebook, на која лежи на подот со малечката Максима, внимателно прегнувајќи ја.
На 1 декември Закерберг и неговата сакана сопруга го соопштија раѓањето на нивната ќеркичка со прекрасно писмо во кое ѝ кажуваат на Макс дека сакаат да израсне во свет подобар од нашиот денес. Во него, Марк, исто така, објавува дека додека се живи со Присила ќе донираат 99% од своите акции во Facebook или 45 милијарди долари за постигнување на еднаквост кај децата од наредната генерација, образование, лекување на болести и градење на силни заедници.
Priscilla and I are so happy to welcome our daughter Max into this world!For her birth, we wrote a letter to her about...
Posted by Mark Zuckerberg on Tuesday, December 1, 2015
Закерберг целосно се посвети на татковството и објави дека ќе земе два месеци породилно отсуство за да се поврзе со малата ќерка и да поминуваат што повеќе време заедно.