Основачот на најпопуларната социјална мрежа Facebook, Марк Закерберг, и неговата сопруга Присила Чен ќе станат родители.
Парот ја сподели веста со фотографија и емотивна објава во која соопшти дека претходно Присила имала три спонтани абортуси.
„Јас и Присила имаме возбудлива вест: очекуваме девојче! Ова ќе биде ново поглавје во нашите животи... Сакаме да го споделиме ова искуство од самиот почеток. Се обидувавме да добиеме дете неколку години и имавме три спонтани абортуси во тој период. Исполнет си со надежи кога ќе дознаеш дека ќе имаш дете. Започнуваш да си замислуваш какви личности ќе бидат и сонуваш за нивната иднина. Кроиш планови, а потоа нив ги нема. Повеќето луѓе не дискутираат за спонтаните абортуси затоа што се грижат дека нивните проблеми ќе ги оддалечат или дека ќе се одразат на тоа како ги гледаат луѓето – како да си дефектен или како ти да си го предизвикал тоа. Па, се бориш сам.
Во денешниот отворен и поврзан свет, дискутирањето на овие проблеми не нè оддалечува, тоа нè спојува. Тоа создава разбирање и толеранција, ни дава надеж.
Кога започнавме да зборуваме со нашите пријатели за ова, сфативме колку често се случува, дека многу луѓе кои ги познававме имале слични проблеми и дека речиси сите тие на крајот имале здрави деца.
Се надеваме дека споделувањето на нашето искуство ќе им ја даде на многу луѓе истата надеж кој ја почувствуваме ние и ќе им помогне на повеќе луѓе да се чувствуваат комотно да ги споделат нивните приказни.
Нашата добра вест е дека нашата бременост е доволно напред за да кажеме дека ризикот од загуба е многу низок и сме надежни.
Сила и нашето дете се здрави, екстремно сум возбуден што ќе ја запознам неа, а нашето куче Бист нема поим што доаѓа. На нашиот ултразвук таа дури и ми покажа палец нагоре (like) со раката, па веќе сум убеден дека таа ќе личи на мене.
Со нетрпение очекуваме да ја дочекаме на овој свет и да споделиме повеќе наскоро, штом таа ќе е подготвена да излезе и да ги запознае сите!“
Марк Закерберг
Марк и Присила стапија во брак на 19 мај 2012 година во дворот на нивниот дом во Пало Алто, Калифорнија.