Луси Лу стана мајка. На 46-годишната актерка ѝ се роди синче кое го доби името Роквел Лојд Лу.
Малото момче било родено благодарение на сурогат-мајка.
„Мајката и бебето се здрави и среќни“ – изјавил портпаролот на холивудската ѕвезда.

Лу сподели фотографии од новороденчето на социјалните мрежи. „Ви го претставувам новиот мал маж во мојот живот, мојот син Роквел Лојд Лу. Заљубена сум!“ – се вели во пораката на новата мајка.

Ова е прво дете на ѕвездата од „Чарлиевите ангели“.
