Луси Лу синоќа беше гостинка на гала организирана во чест на Сисли Тајсон во Њујорк.
47-годишната актерка пристигна на настанот на „American Theatre Wing“ во розова цветна креација на едно рамо од дизајнерката Моник Лулие.





Галата се одржува секоја година со цел собирање средства за американската организација која се залага за поддршка и развој на театарот и која е креатор и спонзор на наградите Тони. На неа присуствуваше и актерот Семјуел Л. Џексон со својата сопруга Латања Ричардсон Џексон.
