Малата ќерка на Бијонсе и Џеј-Зи е подготвена за својот прв летен одмор, а нејзините родители не штедат за да ѝ го пружат најдоброто. Познатото семејство во текот на август ќе одмара на луксузен имот во Бриџхемптон, познат како „Песочниот замок“.
Според информациите до кои дојде „New York Post“, само за еден месец славните музичари ќе платат 400.000 долари, за да се релаксираат во куќата од 2.800m2 и покрај големиот базенот со подводно озвучување кој се загрева.
Освен просторни спални соби, професионална кујна, камини, голема дневна соба, библиотека и фитнес сала, во куќата има и спа, сауна, џакузи, кошаркарски терен и соба за куглање.
Инаку, луксузниот имот се продава за 43 милиони долари.