Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Луисана Лопилато како кукла во нова кампања за долна облека

ФОТО: Луисана Лопилато како кукла во нова кампања за долна облека

Велат, кога нешто е успешно, не треба да се менува. Познатиот бренд за долна облека Ultimo ја следи таа филозофија и продолжува да соработува со убавата Луисана Лопилато.

На фотографиите од новата кампања, славната Аргентинка покажува умерен сексапил во романтични креации со чипка.

Луисана Лопилато Луисана Лопилато

„Луисана изгледа апсолутно прекрасно во нашата долна облека, речиси како кукла. Лесно е да се види зошто таа неколкупати е прогласувана за една од најсексапилните жени на шпанското списание FHM“ – изјавила Мишел Моне од Ultimo.

Шармантната актерка, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, зрачи со женствен шарм и секси, но девојчински гламур во розов и црн комплет.

Луисана Лопилато Луисана Лопилато

Од компанијата се пофалиле и дека се задоволни од „Лопилато ефектот“, кој им донел значително зголемување на продажбите.

Луисана неодамна позираше и во новиот градник на Ultimo кој има блескава лента од камчиња на грбот за посвечени прилики.

Луисана Лопилато Луисана Лопилато

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19107 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.