Лорен Конрад се подготвува за свадба. 27-годишната дизајнерка и поранешна ТВ ѕвезда на својот блог објави дека го прифатила предлогот за брак на Вилијам Тел.
Освен големата вест, Конрад сподели со своите фанови и фотографија од свршеничкиот прстен. „Најубавото изненадување“ – напиша таа на Instagram.
Лорен и 33-годишниот Вилијам се во врска речиси две години, а неодамна започнаа и да живеат заедно.