Лејтон Мистер е девојката од корицата на ноемвриското издание на британското списание „InStyle“.
28-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ позирала за фотографот Макс Абадјан, а во интервјуто за списанието зборувала за музиката, Бродвеј и убавите моменти во нејзиниот живот.
За музиката и актерството: „Моето омилено нешто – кога се работи за музиката, а сега, всушност и за актерството – е да настапувам во живо. Многу е забавно.“
За улогата во „Of Mice and Men“ на Бродвеј: „Навистина имав среќа што ми беше дадена можност да посветам шест месеци на оваа компактна, прекрасна приказна која никогаш не старее.“
За снимањето на песна со Робин Тик во 2009 година: „Беше многу забавно, но тоа воопшто не бев јас. Претпоставувам дека можам да погледнам наназад и да речам дека сè се случува за да научиш нешто и да станеш подобар.“
За нејзиниот плакар: „Имам јадро од пет парчиња облека кои ги носам постојано и кои знам дека се добри.“
За фактот дека животот ѝ е поважен од работата: „Моите вредности во огромна мера се поместија во однос на она што е важно за мене. Важно ми е моето семејство, моите пријатели и имањето на личен живот. Тоа се нешта кои треба да се негуваат.“
Лејтон во моментов го промовира својот прв целосен албум, „Heartstrings“, кој ќе биде пуштен во продажба на 28 октомври. Слушнете го водечкиот сингл: