Новиот спот на Лејтон Мистер за песната „Summer Girl“ ја доживеа својата премиера. Во видеото, 24-годишната актерка пее на сцена пред мала публика, а во меѓувреме се прикажуваат и сцени од филмот „Country Strong“.
„Summer Girl“ оригинално е песна на Џесика Ендруз, но беше препеана од Лејтон за потребите на нејзиниот најнов филм „Country Strong“, во кој главната улога ја има Гвинет Палтроу.
Лејтон, која е позната по улогата на Блер Волдорф во серијата Gossip Girl, неодамна најави дека откако ќе истече нејзиниот договор по 2 години планира да се откаже од оваа популарна серија.